Четврток, Септември 09, 2010


Ресенчани на "Најталент" (видео)

Во неделата на 4-ти јануари, се одржа првото издание за 2010 година на шоуто “Најталент” на Сител Телевизија, на кое учество зедоа двете спротивставени групи од градовите Ресен и Демир-Хисар, со по 3 изведувачи (таленти).

Претставнички од Ресен беа Елизабета Петревска, Сара Ристевска и Наташа, кои иако го дадоа својот максимум во нивните интерпретации, сепак тоа не беше доволно за да се издвои победа над Демир-Хисарци.

Во секој случај, Ресенчани се горди на своите претставнички, затоа што покажаа дека навистина имаат талент, на кој секако доколку во иднина му се посвети доволно внимание и напорна работа, загарантирано би можел да резултира со раѓање на нова музичка ѕвезда на нашите простори. Погледнете го настапот на нашите претставнички.

Прва настапи Елизабета Петревска, која се претстави со антологиската “Со маки сум се родила”



Втора настапи Сара Ристевска, со песната “Begging You for Mercy” од Gary Cooper



Трета настапи Наташа, со песната “Молитва” од Марија Шерифович



Исто така, програмата на шоуто беше поплнета и со настапот на 10-годишните Живе Мешуревски и Димитар Мицалевски:



А еве дел од атмосферата на аудицијата во Ресен, кога и се селектираа само најдобрите таленти:

Додај коментар


Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.99