Големите врнежи на дожд кои секојдневно непрекинато беа честа појава во Преспанскиот регион деновиве, предизвикаа и поплави во некој населени места како и поплави во овошните насади...
Покритично поминаа селата Горна Бела Црква, Езерани и Сопотско, а помали поплави имаше и во Царев Двор, Дрмени и Перово.
Големиот дотек на вода предизвика излевање на Голема Река, при што беа поплавени делови од Горна Бела Црква и Езерани, каде што покрај овошните насади, беа поплавени и повеќе куќи.
Општина Ресен ангажираа багери за расчистување на речните корита и на водните испусти кои активно работеа од раните утрински часови се до доцна попладне.
По интервенцијата, нивото на водата се намали. Исто така, намален е и водостојот на Голема Река.
Како сето тоа изгледаше деновиве погледнете во прилог на фотографии од фото-Нехру:





















| < Пред | Следно > |
|---|








