Вчера Министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо димовски беше во работна посета на Ресен . Тој заедно со Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Михаил Волкановски се сретнаа со представници од Одборот за Спас на преспанското јаболко.
Представниците на одборот изразија задоволство за мерката за доделување од 43700 денари по хектар.
Сепак истите побараа поедноставување на апликациите за субвенции како давање поширок дијапазон за критериумите поврзани со субвенциите.
Општа констатација е дека и самиот откуп во последно време оди во нагорна линија за што посведочи и самиот градоначалник на Општината Ресен Михаил Волкановски “Секојдневно се товарат по десет шлепери јаболка, и тоа, најмногу за Бугарија и Турција, а во најскоро време очекуваме продажбата да продолжи и во Албанија”.
Погледнете ја видео репортажата од А1 ТВ:
| < Пред | Следно > |
|---|








