Деновиве тимот на "Преспана" имаше чест да поразговара со ликовниот уметник Сашо Илоски од Ресен. Сашо е голем уметник кој се занимава со интерзија (природен колаж)...
...исклучителна техника со која се занимаваат помал дел на уметници, поради прецизноста и стрпливоста. Оваа техника содржи дрвени површини и површини од платно, на кој се лепат и украсуват разни сламки(житарици) а се лепат на панел плочи(интерзирано).
Преспана: Што ве потикна или натера да се занимавате со оваа техника?
Сашо Илоски: Па видете уметноста е 90% работа а 10% талент, е јас ги имам и двете. Долго време се барав себе си во многу техники сликарски и се најдов во природниот колаж или интрзија со сламки.
Преспана: Колку време се занимавате и што опфаќате под мотиви?
Сашо Илоски: Работам веќе 20 години само со овој стил(техника), а под мотиви опфаќам: икони, етно мотиви, стари чаршии, едреници, бродови и понекоја необична нарачка како Мона Лиза, Мајка Тереза и други. Во овие години сум изработил многу слики во просек по 40 годишно. Значи ако некој сака да му изработам една слика ќе ми треба од 7 до 12 денови, што значи дека споро и макотрпно се работаат.
Преспана: Долги години во лето продававте слики во Охрид, што сега?
Сашо Илоски: Па сега имама своја стаклара во која врамувам слики и работам со стакло, но моите слики се и тука присутни. Но сега поради проширената активност сум пооптеретен и многу помалку работам. Последниве 3 години пуштам по некоја слика во Канада во една голема галерија која ја опфаќа и мојата техника. Ја претставувам Македонија со прекрасни слики лично мој идеи како на пример: ешкото, етно мотиви од разни села и носии на мажот и жената во нашите села во блиско минато. Последно им пратив слики од нашиот хумористички јунак Итар Пејо, во тој лик им го претставив Македонецот секогаш спремен на "скеч и гег". Канадската публика била изненадена од гротесната на овај јунак, па сите 5 слики беа продадени.
Преспана: Од каде се наоѓате инспирации?
Сашо Илоски: Инспирациите се од нашата исконска Преспа. Нашето езеро имам Музи уште од Неолитот па до ден денес во тоа езеро дуваат нивните волшебни здивови и се уште крцкаат чуновите на рибарите на нашиот Цар Самоил. Но јас сумпочесен инспиративно и од серенадата на ресенчани која ми го гали сетилото за слуџ. Сето ова е инспирација за секој креативен Преспанец.
Преспана: Што со изложби?
Сашо Илоски: Само еднаш сум побарал од Министерството помош во пари нормално но немаа слух за "Преспанецот со сламки" па ќе се изразам како што се изразува во поемите Петре М. Андреевски: - Ме победија и навјасна туѓите "божури и маријети"(вид цвеќе што расте во туѓи дворови). Но јас не би се изложувал во обие времиња затоа што мојата техника е еколошка(сламки), и може да "загади". алку условно се шегувам, сепак в ограници. Во Охрид на брегот сум продавл 11 лета тука мислам дека сум добил публика од целиот свет, доволно за мојата садисфакција за да продолжам да творам.
Преспана: Во вашите одговори секогаш има и доза на хумор(двосмислен), дали е тоа клучот на сето ова?
Сашо Илоски: Точно многу добро ме разбравте значи за да бидете здрав во овие виорни времиња ви треба повеќе доза хумор. Па зарем не знаете дека и "Кловнот е човек - и е поет"(мисла од Нушиќ).





| < Пред | Следно > |
|---|








