Четврток, Септември 09, 2010


Патниот правец Ресен-Битола затворен за сообраќај, пренасочен преку стариот пат

Сообраќајот на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато поради свлечиште за сите видови возила е пренасочен преку стариот пат во должина од 5,5 километри, соопшти Авто мото сојузот на Македонија...

На патот Струга-Дебар сообраќајот е дозволен за патнички и за тешки товарни возила, но со напомена за претпазливо возење на мал дел од патот во должина од 50 метри кај селото Луково поради високиот водостој на реката Дрим и присуство на вода на коловозот во висина од 10 до 15 см.

На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот во попладневните часови се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Додај коментар


Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.97