Четврток, Септември 09, 2010


Хуманитарна акција "За топол Дом на семејството Куртишевски од Ресен"

На 21 февруари 2010 година поради лизгање на земјиштето, на улица Преспанска бр.23 семејната куќа на семејството Куртишевски беше срушено. На 22 февруари 2010 стручна комисија на локалниот сектор за урбанизам изврши увид и констатира...

...дека куќата е потполно уништена и на таа парцела неможе да се изгради нова заради самата конфигурација на теренот и големата маса земја од свлечиштето.

Хуманитарната организација ХАЏЕЃАН Ресен, согледувајќи ја лошата социјална и економска состојба на семејството Куртишевски иницира хуманитарна акција „За топол Дом на семејството Куртишевски од Ресен“ со цел изградба на нов дом на ова семејство.

Правото на сопствен дом е основно човеково право, па затоа ние сметаме дека со залагање на целата зедница во Ресен заедно можеме да им подариме нов дом нашите сограѓани, семејството Куртишевски.

Апелот за помош е насочен кон сите институции, организации и хумани лица да помогнат со средства и материјали за изградба на дом за семејството Куртишевски.

Жиро сметка:   240250002023776

УНИ БАНКА

Контакт телефон: 070 30 66 37


Ви благодариме на хуманоста и придонесот кон изградба на Дом за семејството Куртишевски

Додај коментар


Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.97