Четврток, Септември 09, 2010


Државата го санира свлечиште на магистралниот пат Ресен - Битола

Магистралниот пат Ресен - Битола сеуште е затворен за сообраќај. Заменик министерот за транспорт и врски заедно со претставници од Македонија пат, МВР, АРМ и Дирекцијата за управување со кризи вчера го посетија активното свлечиште на овој патен правец...

,,Конкретно за ова свлечиште како што гледате сеуште има временска непогода, времето не е некој наш соработник за целосно да се санира, но сепак се прави конкретна програма како тоа да се санира, вели Горан Михајловски, заменик министер за транспорт и врски.

Уште пред две недели кога се појави првото свлечиште екипи на Македонија пат излегоа на терен и го обележаа патот, а во консултација со агенцијата за патишта беше преземена времена мерка на отстранување на оштетениот асфалт и ставање здрав материјал. Таа мерка се покажа како недоволна и појавувањето на свлечишта продолжи:

,,Клизиштето сеуште е активно и не ги дава задоволителните резултати, поради тоа бидејќи веќе имавме расчистено алтернативен пат сообраќајот е пренасочен во должина од 5,5 километри по стариот пат Р-106 и од страна на државниот инспектор за транспорт се донесе одлука да се затвори, вели Горан Стојковиќ, директор на Македонија пат.

Министерот за транспорт и врски при неговата посета на магистралниот патен правец Битола - Ресен најави трајна санација за која проектната програма е веќе изработена и започната е постапка за избор на изведувачи. Трајната санација е комбинација на мерки кои не треба да дозволат појава на нови свлечишта.

,,Трајно ќе биде после, сега привремено ќе се пополнува со тампон. Кога ќе се подобрат временските услови веројатно ќе биде пуштен, вели проф. Милорад Јовановски, консултант.

Во меѓувреме сообраќајот се одвива по стариот пат Р-106 за кој од Македонија пат ветуваат дека без разлика на временските услови патот ќе се одржува и комуникацијата помеѓу Битола и Ресен нема да биде прекината.

Патот од Ресен до Битола преку планинскиот превој Ѓавато и денеска е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот е пренасочен преку стариот пат Ресен - Битола во должина од околу пет километри.

Додај коментар


Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.97