Четврток, Септември 09, 2010


"Канал 16" со известување до своите корисници!

Кабелскиот оператор “Канал 16” од Ресен, со следново известување, сака да ги информира своите корисници во врска со неоснованите обвинувања кон Кабловските оператори во Република Македонија кои беа изнесени изминативе денови во дел од медиумите.

 

СТОПАНСКА ИНТЕРЕСНА ЗАЕДНИЦА НА ОПЕРАТОРИ НА КАБЕЛСКА МРЕЖА МК НЕТ СКОПЈЕ

Ул.Народен Фронт бр.19-а, ТЦ Беверли Хилс лок бр.1 кат1 тел: +389 2 3213 178

Предмет : Известување

Повод : Неоснованите обвинувања за кабелските телевизии изнесени изминативе денови во дел од медиумите, со поддршка на СРД.

ПОЧИТУВАНИ:

Кабелските оператори во Република Македонија, најостро протестираат против несериозните и паушални обвинувања кои се пласираат деновиве во медиумите, и кои за жал најдоа поткрепа во изјавите на Претседателот на Советот за Радиодифузија Зоран Стефановски.

Апсyрдно е тврдењето на "експерти" од областа на радиодифузијата дека малите кабелски оператори не можат да ја издржат трката поради појавување на "сериозни" фирми па главен адут им се ниските цени по кои ги продаваат своите услуги.

Напротив, со оваа кампања некои нови играчи на пазарот се плашат дека по тие цени нема да можат да остварат профит за кратко време, па правват притисок да ги натераат кабелските оператори да ја зголемат цената за своите услуги, што директно оди на штета на граѓаните во Република Македонија.

Пазарот ги диктира цените, и од тука загриженоста на трети лица дали ќе опстанат кабелските оператори со цените што ги нудат не е нивни проблем. Ниската цена е единствена придобивка за граѓаните!  Кабелските оператори својот имиџ го градеа макотрпно во изминативе десетина години, и затоа нема да дозволиме некој преку ноќ да уништи инвестиции вредни милиони евра, каде што има и странски капитал, само затоа што јавни функционери во секторот Радиодифузија наоѓаат личен интерес во промовирање на новите"дечки" на пазарот.

Затоа, советот за Радиодифузија се повеќе личи дека е инволвиран во бизнис постапките со кои ЕКСКЛУЗИВНО им дава право на оператори и поедини сервиси, и само нив ги оправдува и ги заштитува. Со тоа ја руши својата улога на независен регулатор и со тоа им го кратат правото на граѓаните во Македонија да дојдат до одредени програмски сервиси и титлови на македонски јазик.

Кабелските оператори се дел од системот во земјава кои донесоа   многу новини во Радиодифузијата и се основани пред да се појават многу денешни македонски медиуми.

Токму кабелските оператори  ги донесоа современите сервиси: аналогна и дигитална телевизија, широко појасен интернет и фиксна телефонија, пренос на податоци, видео надзор.

Операторите се залагаа цело време за создавање ред во сферата на Радиодифузијата, но тоа мора и треба да се работи законски и пред се од надлежните институции, а не вака со ЈАВЕН ЛИНЧ да се дискредитираат сите кабелски оператори.

Ако Советот за Радиодифузија има сознанија за неправилности во работењето, му стојат на располагање механизми кои треба да ги искористи. Но, Советот не е орган кој треба да суди и пресудува во име на други органи и институции! Нападот го почнаа медиуми чии програми ги немаше во пакетите на "новите" кабелски телевизии без кабел, па откако ги средија меѓусебните сметки, и заборавија што се кажуваа едни против други, сега во интерес на лични интереси најдоа друг виновник, кабелските телевизии.

Свесни дека граѓаните го препознаваат квалитетот што го нудат кабелските телевизија, БАРАМЕ Советот за Радиодифузија и разните душегрижници да не остават да работиме според постојната регулатива, и секој да ја гледа својата работа, а не да презема туѓи интереси!

Само во тој случај ќе работиме во интерес на сите. А сега, дискредитацијата на кабловските има само една цел, на најбезобразен начин да се промовираат нови субјекти на пазарот, кои место да понудат квалитет, се служат со манипулации и напади.

Од тука, новите субјекти на пазарот кои се обидува да ги протежира Советот за Радиодифузија во ниту еден сегмент не може да им бидат конкуренција на кабелските телевизии! Дали понудата од само 40 канали е конкуренција?

До кога во државава работите ќе се решаваат со сила, а не со аргументи?

На крај да ја цитираме смс пораката што во текот на вчерашниот ден ја добија корисниците на мрежата на операторот ONE - "ПОЧИТУВАНИ КАНАЛИТЕ А1 И А2 СЕ ВЕЌЕ ДОСТАПНИ НА БООМ ТВ"!

Ова ли е вистинската причина за оркестрираниот напад врз кабелските оператори?

Со почит                                                               За СИЗ МК НЕТ
Скопје 05.03.2010 г                                               Јорданов Дејан

Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.95