Четврток, Септември 09, 2010


Легендарниот Чак Норис наполни 70 години

Славни Трачеви

Чак Норис денес ќе наполнеше 70 години, да не му се плашеше времето. Шала на страна, колку и да звучи нестварно, некогашниот акционен херој навистина навлезе во осмата деценија...

Легендарниот мајстор на боречки вештини ја започна кариерата уште во 60-те години.

Завршил средно школо и се упатил во Кореја на одслужување на воената обврска, по што се вратил и ја оснивал сопствената школа за боречки вештини во која подучувал бројни славни личности.

И иако во неговите филмови може да се види цел арсенал на оружје, Чак, како носител на црн појас во таеквондо од секогаш се залагал за борба со голи раце.

Така се борел дури и со Брус Ли, пред да стане Вокер - тексашкиот ренџер.

Многу почитувачи на ликот и делото на Чак Норис сметаат дека тајната на неговиот успех и долгата кариера е во филмовите кои ги снимал, а кои на денешните генерации им изгледаат во најмала рака урнебесно.

Доколку пробате да го пребарате на интернет (иако вие не го барате Чак Норис, туку тој ве наоѓа вас), ќе забележите дека бројот на резултати е огромен, а овие денови пребарувањето за "колку години има Чак Норис" е зголемено за 2700%.

Со огромниот број на фанови популарниот актер лесно може да ги иствари и своите политички амбиции, а една од нив е неговиот роден Тексас да стане самостојна држава.

Во меѓувреме, ќе мора да се задоволи со признанието за животно дело, кое ќе му биде доделено на филмскиот фестивал "Actionfest".

Додај коментар


Bookmark and Share

РЕКЛАМИ

Годишен Хороскоп 2010

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.97